| четврток, 6 декември 2018 |

Цитадела ја победи Потенца со 15-0 за нов рекорд во италијанскиот куп

cita

Фудбалерите на Цитадела приредија вистинска голеада и ја победија Потенца со 15-0 за нов рекорд во италијанскиот куп.

Во историјата на ова натпреварување што датира од 1922 година на уверлив начин се запишаа играчите на клубот кој настапува во третата италијанска лига.

Треба да се напомене дека Потенца играше со јуниори на овој меч и со само 15 фудбалери, односно со само 4 резерви, но Цитадела немаше милост и го урна рекордот стар 93 години.

Лукезе во 1922 година во премиерното издание на купот ја совлада екипата на Фиорентина со 9-0, а уште неколку екипи подоцна го повторија истиот подвиг и победуваа со 9-0, што до мечот Цитадела – Потенца беше највисок триумф во Купот на Италија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top