| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во склад за стари материјали и железо во Струмица

Огнена стихија избувна попладнево во склад за стари материјали и железо, на транзитниот пат во Струмица, пишува „Нова Македонија“.

01082015183935_pozar vo sklad za staro zelezo

Од огнот, зафатена е поголема површина од складот, при што горат неколку стари автомобили, гуми и други материјали, кои тешко се гасат.

Екипи на Противпожарната единица од Струмица, се уште се на терен и се обидуваат пожарот да го стават под контрола.

Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top