Времето утре во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните и западните каде не се исклучува можноста за изолирана појава на град.
Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 13 до 22, а највисоката се очекува да достигне помеѓу 30 и 38 степени, УВ = 8.
Во Скопје утре претпладне времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд со слаб до умерен интензитет, грмежи и засилен ветер
Утринската температура ќе се спушти до 19, а највисоката дневна ќе достигне околу 36 степени.
Во почетокот на новата работна недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со повремен дожд, кој во попладневните часови локално ќе има пороен карактер проследен со грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува во понеделник и вторник кога врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30л/м2), а ќе има и услови за појава на град. Овие врнежи ќе придонесат за благо освежување во наредните два дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



