Босна и Херцеговина нема да го промени својот став во врска со прашањето за признавање на Косово како независна држава, но тоа не значи дека меѓу двете земји не треба да има никаков контакт или соработка во полза на граѓаните, изјави во Тирана министерот за надворешени работи на БиХ, Игор Црнадак на средбата со неговиот албански колега Дитмир Бушати.
Како што јави дописникот на МИА, задржувајќи се на ставот на неговата земја кон Косово, шефот на босанската дипломатија најави дека се размислува да се потпишат неколку спогодби во правец на олеснување на движењето на граѓаните на Косово и БиХ, како и за трговската размена.
Црнадак и Бушати разменија мислења и околу евроатлантската интеграција на земјите од регионот и последните случувања во рамките на процесот од Берлин пред одржувањето на Самитот во Виена. Министерот Бушати побарал од својот гостин БИХ да го поддржи зачленувањето на Косово во регионалните иницијативи и да го признае како независна држава.
Двајцата министри поптишале спогодба за патување на нивните државјани само со лични карти. За влез во едната или другата земја на босанските и албанските граѓани не им беа потребни визи, но можеа да влезат само со пасоши.
Режим на патување само со лични карти Албанија има и со Македонија, Косово и со Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст