| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени досега невидени фотографии од нападот на 11 септември

Американскиот национален архив објави повеќе од 350 досега необјавени фотографии снимени на 11 септември 2001 година во часовите по терористичките напади на САД.

11 septemvri

Фотографиите ги прикажуваат навјисоките официјални лица на САД – од тогашниот претседател Џорџ Буш, преку потпретседателот Диј Чејни, потоа советничката за национална безбедност Кондолиза Рајс, државниот секретар Колин Пауел и шефот на ЦИА Џорџ Тент.

CKwaPkOUsAEsa0n

На фотографиите се гледа напнатоста која владееле во просториите во кои се снимени фотографиите.

CKwVh3nWUAA27DZ

Дел од фотографиите е забележан во оперативниот центар за итни ситуации, сместен во подземниот бункер во Белата куќа.

CKtcuXmUcAATyfT

Фотографиите се објавени поради барањето на еден документарист кој се повикал на одредбите на американскиот закон за правата за пристап на информациите.

CKs5cVNUkAA58PU

Во нападот на 11 септември загинаа три илјади луѓе, беа ранети повеќе од 6.000 лица, а во октомври 2001 година Америка и сојузниците тргнаа во војна со Авганистан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top