| четврток, 6 декември 2018 |

Бекам му подари 100 илјади долари на семејството Гонзалес (видео)

Славниот фудбалер учествуваше во емисија од хуманитарен карактер под наслов „Нок, нок, лајв“ („Knock, Knock, Live“) во која ѕвездите тропаат на врата на сиромашни семесјтва и им подаруваат пари, а ги изненадуваат и со посета на омилените ѕвезди.

Така Бекам го посети домот на семејството Гонзалес. Виктор бил професионален фудбалер во Мексико, кој морал да се откаже од омилениот спорт и да прифати работа во градежништвото за да го прехрани семејството, кое, пак, го гледа само еднаш месечно.

-Ми раскажаа се за вашето семејство. Почестен сум што сум овде и што имам можност да ве запознам и да бидам во вашиот дом – рече Бекам и му врачи на Виктор  чек од 100.000 долари, а одушевените членови на семејството ги почести со вредни подароци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top