Полициската станица во Дебар ги издаде првите собраќајни регистарски таблички со новата ознака ДБ, која ќе важи и за возилата на општина Центар Жупа, потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пренесе МИА.
Во двете општини има околу четири илјади возила.
Инаку, Дебар беше една од малкуте општини што немаа сопствени регистарски таблички. До пред четири години, на возилата стоеја регистарски таблички со ознака на Охрид, додека од летото 2011 година, Дебар е со регистарски таблички на Струга.
Барање за сопствени ознаки во договор со општина Центар Жупа, до надлежните достави општина Дебар, а позитивниот одговор пристигна на почетокот на минатиот месец, кој сега почна и да се спроведува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.