| четврток, 6 декември 2018 |

Голем шумски пожар во Кумановско

pozarvikendica-(1)
Голем пожар на висока борова шума денеска се појави на територија на населеното место Слупчане, Кумановско, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Оттаму посочуваат дека пожарот околу 12:30 бил изгаснат, но подоцна повторно е активиран.

– На лице место има две противпожарни возила со 10 пожарникари, во приправност се уште 10 лица, но поради непристапниот терен и горење на крошните на дрвата кои се високо не е овозможен пристап на други лица, соопшти ДЗС.

Од Дирекцијата потенцираат дека пожар на дабова шума на непристапен терен е активиран и на територија на населеното место Матејче, Кумановско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top