По повредата од пред една година, кога незгодно падна, Арсен Дедиќ денеска повторно го оперираше колкот и во моментот се опоравува во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Акромион во Хрватска.
– Не можеше да оди без бастун, а знаете какви се Далматинците. Тој не сакаше да си дозволи да не го реши тоа – изјавила за „Јутарњи лист“ неговата сопруга Габи Новак.
Новак вели дека на познатиот музичар сега му претстојат две недели рехабилитација во клиниката, а потоа и долго опоравување.
– Ќе мора да учи да оди одново, али се ќе направиме, полека и заедно – вели пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.