| четврток, 6 декември 2018 |

Тригодишното дете има скршеница на черепот по сообраќајката кај Демир Капија

Со скршеница на черепот во тешка состојба утрово на Клиниката за неврохирургија е примено тригодишно дете од Србија  кое беше тешко поврдено во сообраќајката кај Удово јави Здравство 24.

soobrakjajka_1

На истата клиника се хоспитализирани и неговата 38-годишна мајка и деветмесечната сестричка.

– Мајката и доенчето се во стабилна состојба – изјави д-р Александар Жупановски, дежурен лекар на Клиниката за неврохирургија.

Таткото кој го управувал возилото „цитроен берлинго“ се здобил со повреди на раката, имал и скршен пршлен и е задржан на болничко лекување на Клиниката за трауматологија. На лице место од здобиените повреди починала 63-годишната баба.

Трагичната сообраќајка се случила утрово околу 6 часот на клучката кај Демир Капија. 40 годишниот белграѓанец изгубил контрола на возилото и паднал од клучката на подвозникот.

Семејството од Србија тргнало на одмор во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top