| четврток, 6 декември 2018 |

Трета вимблдонска титула за Новак Ѓоковиќ

Wimbledon Championships

Најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ ја освои третата вимблдонска титула со победа од 3-1 во сетови против најтрофејниот тенисер на сите времиња според гранслем титулите, Роџер Федерер.

По стартните два сета беше израмнето 1-1, а и двајцата финалисти добија по еден сет во тај-брејк. Клуч на успехот и деветтата титула на гранслем турнирите за Ѓоковиќ беше брејкот на стартот од третиот сет, а потоа српскиот ас само ја одржуваше предноста за 6-4 во гемови и предност од 2-1.

Четвртиот сет беше како пресликан и Ѓоковиќ со брејк направи огромна предност, која ја задржа до крајот за трета титула на тревнатите терени во Ол-Ингланд клубот.

Сега тој води со 2-1 во финалињата на Вимблдон против Федерер, кој има најмногу гранслем трофеи, точно 17. Со победата денеска Новак се израмни во меѓусебниот биланс и скорот е 20-20 во победи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top