| четврток, 6 декември 2018 |

Тимот на Обама никогаш не ја сметал Русија за главна закана на САД

москва
Надворешно-политичкиот тим на американскиот претседател Барак Обама никогаш не ја сметал Русија за главна закана за националната безбедност на САД, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Тој ова го изјави како коментар на новинарско прашање за изјавата на генералот Џозеф Денфорд, кој е номиниран за следниот претседател на Советот на генералштабовите на армијата на САД, јави ТАСС.

Денфорд во четвртокот пред сенатската Комисија за вооружени сили нагласи дека современа Русија е закана број еден за безбедноста на САД.

– Доколку сакате да говорите за нација, која би претставувала егзистенцијална закана за САД, треба да ја посочите Русија. А ако го погледното нивното однесување, ќе забележите дека е загрижувачко, истакна тој.

– Не ми е познато дека претседателскиот тим по прашањата за национална безбедност донел таков заклучок, рече Ернест.

Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер изјави дека и државниот секретар Џон Кери не го дели ставот на Денфорд.

– Државниот секретар не ја дели оценката дека Русија е егзистенцијална закана за САД, а тоа не е ниту Кина. Тоа се големи сили со кои соработуваме по серија прашања и покрај некои несогласувања, кои ги имаме со нив, нагласи Тонер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top