
„Поминаа дваесет години од стравичното злосторство кое се случи во Сребреница. Не постојат зборови кои би можеле да ги изразат жалоста и тагата за настраданите, како и без огорчување кон оние кои го извршија тоа монструозно злосторство. Србија, јасно и недвосмислено го осудува тоа ужасно злосторство, се гади од оние кои учествуваа во него и ќе продолжи да ги изнесува пред лицето на правдата“, навел српскиот премиер во писмо до јавноста по повод 20-годишнината од злосторството во Сребреница.
Српскиот премиер истакнал дека има обврска да се поклони пред жртвите од Сребреница и дека тоа е чин со кој „земјата се определува кон иднината“.
„А таа наша заедничка иднина, никако не може да биде жртвувана поради какви и да се лични или национални себичности. Тоа не смее да се случи покрај толку многу гробови. Одлуката за тоа јас како претседател на српската влада да одам во Сребреница е многу повеќе од политика и многу повеќе од какви и да се политички игра, и од ставови и притисоци за јас да одам, но и за јас да не одам“, рекол Вучиќ.
Според него, Србија и нејзината влада, поради иднината сакаат заедно да живеат и работат со Бошњаците.
„Ние сакаме да почнеме да си веруваме едни на други. Сакам, во име на Србија и на сите нас, и тоа најискрено, да имаме иднина, и сметам дека тоа денес е и најмногу што можеме да направиме за сето несреќно минато. Мојата рака е подадена и така и ќе остане, без никаква политика и оглед на евентуална казна или награда. Тоа е мојата должност и моја света обврска и пред оние кои страдаа и пред оние кои доаѓаат на нивното места за да живеат. На едните нека им е вечна слава, а на другите вечер мир. Се помалку од тоа, би било на вреда за сите наши жртви“, се наведува во писмото на српскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


