| четврток, 6 декември 2018 |

Леброн Џејмс останува во Кливленд

lebron dzejms
Еден од најдобрите играчи во НБА лигата Леброн Џејмс потпиша нов договор со екипата на Кливленд. Тоа значи дека останува во клубот во кој ја почна НБА кариерата и каде настапуваше последната сезона. Џејмс според договорот ќе треба да добива годишно 23 милиони долари.

Тој во 2003 година дојде во Кливленд како прв пик на драфтот, а по седум години минати во клубот замина во Мајами, каде за четири години освои две шампионски титули. Лани се врати во Кливленд и играше во финалето (пораз од Голден Стејт).

– Одлуката на Леброн да потпише нов договор ја покажа неговата желба да ја донесе титулата во Охајо и да ги израдува навивачите на Кливленд, изјави генералниот менаџер на клубот Дејвид Грифин.

Според информациите од американските медиуми, новиот договор е со важност од две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top