| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ: 10 години заедно, мојата љубов и јас. Старееме заедно

nole
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ ја прославуваат годишнината од нивниот брак. Минатото лето свадбата на Ноле и Јелена беше тема број еден во медиумите. Една година подоцна Новак напиша љубовна порака за Јелена на Инстаграм:

„Вечерва имам многу причини за славење. Најважна е првата годишнина од бракот. Една година сме во брак и 10 години заедно, мојата љубов и јас. Старееме заедно“.

Најдобриот светски тенисер во недела ќе игра за својот трет трофеј на Вимблдон со противникот Роџер Федерер, кој го совлада Енди Мареј со 3:0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top