| четврток, 6 декември 2018 |

Ја дрогирал својата девојка за да може да игра видео игри

boys-playing-vid
Неименувано момче на 23-годишна возраст од Германија ја дрогирал својата девојка за да може непречено со својот другар да игра видео игри. Момчето завршило на суд затоа што на својата (сега веќе поранешна) девпјка минатиот август и сипал седатии во пијалакот за да не му пречи додека игра Плејстејшн.

Деојкат дошла кај него во моментот кога игра видео игри со пријателите. Бидејќи таа инсистирала сите заедно нешто да прават, тој и сварил чај и го „засладил“ со средство за смирување.

– И ставив можеби само четири или пет капки, не преголема доза – рекол тој пред судот.

Несреќната девојка во ништо не се посомневала. Таа го испила чајот и набрзо заспала. Спиела од тоа попладне до попладнето утредента, пишува британски „Метро“, а кога конечно отишла на работа, и таму ги чувствувала последиците од средството за смирување.

На момчето му е наредено да плати казна од 500 евра, бидејќи признал дека ја дрогирал девојката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top