-Повеќе од 200 Американци заминале или направиле обид да заминат за Сирија за да се борат на страната на исламистичките бунтовници – информира шефот на ФБИ, Џејмс Коми, цитиран од британските медиуми.
На заседание на Комисијата за разузнавање на Сенатот, директорот Коми изјави дека ФБИ продолжува да идентификува луѓе кои сакаат да
се инфилтрираат во редовите на странските борци кои војуваат на страната на исламистите, како и на домашните екстремисти „кои можеби сакаат да ги нападнат САД однатре“.
ФБИ е многу загрижено од радикализирањето на Американците од страна на групата Исламска држава.
Коми ги повика технолошките компании да им дозволат на безбедносните органи да добијат достап до криптирани комуникации за да можат подобро да се борат со овие закни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании
-
Сѐ помалку новинари кои работат во весници во САД



