| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободете се од салото на стомакот за три недели

Со физичка активност, повеќе прошетки и здрава и правилна исхрана навистина може да се регулира тежината.

gumbir
Она што може да ви помогне да го забрзате процесот на слабеење е овој сируп кој може самите да го направите од природни состојки кои можеби веќе ги имате во вашата кујна.

Состојки:

130 г свеж рен

3 лимони

4 лажици мед
2 мали лажици цимет
2 см свеж корен од ѓумбир

Ренот и ѓумбирот најпрво излупете ги и изрендајте ги или испасирајте во процесор за храна или блендер. Додајте го лимонот, но доколку не користите органски, тогаш исцедете го само сокот. Потоа додајте ги циметот и медот.
Сето тоа добро промешајте го и сипете ја смесата во чиста тегла, затворете ја и оставете ја во фрижидер.

Земајте по една лажица наутро на празен стомак и навечер во текот на три недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top