Контроверзниот писателот Ким Мехмети ги навреди Албанците католици со тврдењето дека албанизнот бил спасен благодарение на исламот, особено во Македонија.
На промоцијата на неговата книга во националната библиотека на Косово, во неделата, зборувајќи за тоа како Албанците успеале да го зачуваат идентитетот, Мехмети рекол дека тоа било постигнато благодарение на исламот. Тој тврдел дека во Скопје немало ниту еден православен Албанец, туку сите биле муслимани.
– Апсолутно, математички може да се докаже дека албанизмот во некои албански региони е спасен од исламот. Ви го тврдам следното: Албанци христијани нема, Албанци католици нема во Скопје. Има само муслимани Албанци – рекол Мехемети.
Неговата контроверзна изјава предизвика остри реакции на католичката црква во Косово.
Канцеларот на косовската епархија Дон Шан Зефи најостро ги отфрлил неговите ставови и рекол дека реалноста е сосема спротивна од тоа што го тврди Мехмети.
– Албанизмот не го спаси исламот, туку католичката црква ги одржа во живот албанските врски – рекол Дон Шан Зефи.
Според Зефи, исламот, особено Отоманската Империја, е тој што го уништил сето материјално културно и историско наследство на Албанците.
– Ова е историски факт кој никој не може да го негира – рекол канцеларот Дон Шан Зефи.
Зефи, исто така, го истакнал и придонесот на католичката црква во заштитата на нацијата.
Католичката црква беше чувар на албанската нација, а тоа не беше ниту Отоманската Империја, ниту албанскиот ислам, рекол Зефи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



