| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли ќе ја толкува улогата на развратната Катарина Велика

Американската актерка Анџелина Џоли која во филмот „Александар Велики“ ја толкуваше улогата на кралицата Олимпија, мајката на Александар Македонски, ги откупила правата за книгата за развратниот живот на руската кралица Катарина Велика.

џоли

Анџелина ќе го режира филмот во кој главно ќе се говори за забранетите љубови кои се случувале во рускиот двор, а главната улога би требало таа да ја толкува.

– Обожавам да толкувам ликови на жени кои не се вклопувале во периодот во кој живееле – изјави своевремено Џоли.

Катарина Велика владеела со Русија од 1762 до 1796, а најмногу ја паметат по многубројните афери, посебно со помладите мажи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top