| четврток, 6 декември 2018 |

Спасил деца од давење во Дунав, па тој се удавил

dunavtragedijaa
Струја почнала да повлекува две девојчиња вореката Дунав. Децата биле на возраст од 6 и 12 години. 23 годишниот доброволец на австрискиот Црвен крст скокнал по нив и ги спасил, но бил повлечен од силен вртлог.
Тој вчера не бил на должност. Одмарал покрај Дунав во австриското место Штокерау. Кога струјата почнала опасно да ги повлекува двете девојчиња веднаш се фрлил во реката по нив.

Девојчињата ги извлекол на сигурно, но силен вртлог го повлекол кон дното на реката.

Голема спасувачка екипа пристигнала наскоро, составена од пожарникари, лекари, санитетски хелокоптер, но кога момчето било извлечено, му немало спас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top