Лидерот во генералниот пласман во Формула 1 и возач на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон продолжува со својата доминација кога се работи за квалификациите за пол-позицијата. Тој денеска на „домашната“ патека во Силверстоун успеа да дојде до нова по-позиција осма во деветтата трка од овогодинешниот шампионат.
Возачот на Мерцедес домнираше во текот на целите квалификации и заслужено утрешната трка ќе ја стартува од првото место пред неговиот клупски колега Германецот Нико Розберг. Зад двоецот на Мерцедес ќе стартуваат Маса и Ботас од тимот на Вилијамс, зад кои ќе следат Раиконен, Фетел и Квјат.
Повторно разочараа пилотите на Мекларен Фернандо Алонсо и Џенсон Батон кои утрешната трка ќе ја стартуваат од 17 односно 18 позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


