| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко Стефановски: Ме привлече отвореноста на проектот „Крушево воркшоп“

На тој на­чин уште ед­наш по­твр­ду­ва­ме де­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е зем­ја на го­ле­ми умет­ни­ци кои не­се­бич­но ги де­лат сво­е­то зна­е­ње и искус­тво со мла­ди­те ге­не­ра­ции

Му­зич­ка­та ле­ген­да Вла­тко Сте­фа­нов­ски и Иво Јан­ков­ски од про­дук­ци­ска­та ку­ќа „Тре­то уво“ поч­наа осо­бе­но зна­ча­ен про­ект кој ќе овоз­мо­жи на еден кре­а­ти­вен на­чин, пре­ку му­зи­ка­та, на­ша­та ре­ги­о­нал­на сце­на да се збо­га­ти со но­ви та­лен­ти­ра­ни мла­ди из­ве­ду­ва­чи. Име­но, од оваа го­ди­на, се­кое ле­то во Кру­ше­во, во Спо­мен-до­мот на То­ше Про­е­ски ќе се ре­а­ли­зи­ра­ат му­зич­ки ра­бо­тил­ни­ци за раз­лич­ни ин­стру­мен­ти пре­ку кои мла­ди­те та­лен­ти­ра­ни му­зи­ча­ри ќе има­ат мож­ност да се здо­би­јат со не­про­цен­ли­ви искус­тва и зна­е­ња од ма­ке­дон­ски­те нај­ре­но­ми­ра­ни умет­ни­ци и ѕвез­ди. Овие ра­бо­тил­ни­ци ќе овоз­мо­жат Спо­мен-до­мот на То­ше Про­е­ски да ста­не ре­ги­о­на­лен цен­тар за мла­ди му­зи­ча­ри од це­ла ју­го­и­сточ­на Евро­па, кој дол­го­роч­но ќе има мно­гу при­до­би­вки за еду­ка­ци­ја­та и на­та­мош­но­то усо­вр­шу­ва­ње на мла­ди­те му­зи­ча­ри кои се­ко­ја го­ди­на ќе има­ат мож­ност да ра­бо­тат со раз­лич­ни мен­то­ри.

- Овој про­ект ќе би­де го­лем бе­не­фит и за са­ма­та ин­сти­ту­ци­ја би­деј­ќи во Спо­мен-до­мот на То­ше Про­е­ски, кој ве­ќе се здо­би со две ме­ѓу­на­род­ни приз­на­ни­ја за сво­е­то идеј­но и ар­хи­те­ктон­ско ре­ше­ние и кој до­се­га го по­се­ти­ја по­ве­ќе од 250.000 го­сти од це­ли­от ре­ги­он, на овој на­чин ќе се обез­бе­ди уште по­го­ле­ма фре­квен­ци­ја на мла­ди лу­ѓе кои ја са­ка­ат му­зи­ка­та и го по­чи­ту­ва­ат ли­кот и де­ло­то на на­ши­от То­ше Про­е­ски. Отво­ра­ње­то на ре­ги­о­нал­ни­от цен­тар ќе ги афир­ми­ра му­зеј­ски­те ка­па­ци­те­ти на Спо­мен-до­мот, ќе ги збо­га­ти со­др­жи­ни­те кои се ре­а­ли­зи­ра­ат во не­го и уве­ре­на сум де­ка бит­но ќе вли­јае и врз ло­кал­ни­от кул­ту­рен раз­вој. Си­те актив­но­сти што се пред­ви­де­ни во рам­ки­те на ра­бо­тил­ни­ци­те ќе има­ат при­до­би­вки и врз еко­ном­ски­от раз­вој на Кру­ше­во, кој е град со го­ле­ми ту­ри­стич­ки по­тен­ци­ја­ли – сме­та ми­ни­стер­ка­та за кул­ту­ра Ели­за­бе­та Кан­че­ска-Ми­лев­ска.

kultura147-stefanovski-3

Пр­ва­та му­зич­ка ра­бо­тил­ни­ца ќе се ре­а­ли­зи­ра во пер­и­о­дот од 24 до 26 ју­ни и го­ди­на­ва ќе ја ра­ко­во­ди го­ле­ми­от мај­стор на ги­та­ра­та, Вла­тко Сте­фа­нов­ски.

- Ко­га ор­га­ни­за­то­ри­те ми по­ну­ди­ја да учес­тву­вам во овој про­ект, при­фа­тив без раз­мис­лу­ва­ње би­деј­ќи сѐ по­че­сто ко­га го­сту­вам на кон­цер­ти, џез-фе­сти­ва­ли и му­зич­ки фе­сти­ва­ли во странс­тво ор­га­ни­за­то­ри­те ме мо­лат да одр­жам ма­стер клас на кој нај­че­сто учес­тву­ва­ат ен­ту­зи­ја­сти, пуб­ли­ка… Се­ко­гаш одр­жу­вам сред­ба след­ни­от ден по еден час или час и по­ло­ви­на со нив. Тоа е на еден на­чин и од­бра­на на на­чи­нот на кој сви­рам ги­та­ра, но во Ма­ке­до­ни­ја ни­ко­гаш ни­кој не ме по­ка­нил да одр­жам ма­стер клас, па ду­ри ни ре­но­ми­ра­ни­те ака­дем­ски ин­сти­ту­ции, ка­ко што се Му­зич­ка­та ака­де­ми­ја, Сред­но­то му­зич­ко учи­ли­ште… Слич­ни ра­бо­тил­ни­ци сум ра­бо­тел во Лос Ан­џе­лес, во Ин­сти­ту­тот за умет­ност „Ка­ли­фор­ни­ја“, ка­де што пре­да­ва мо­јот при­ја­тел Ми­рос­лав Та­диќ, во Лон­дон по по­вод кон­цер­тот што го имав со Лон­дон­ски­от сим­фо­ни­ски ор­ке­стар, во Па­риз во кон­зер­ва­то­ри­у­мот „Сен Де­ни“, во Сло­ве­ни­ја, во Но­во Ме­сто, во Бел­град, За­греб… и оваа мож­ност и по­ну­да ми се ви­де мно­гу ин­те­рес­на. Осо­бе­но за­тоа што и емо­ци­о­нал­но и про­фе­си­о­нал­но сум по­вр­зан со Кру­ше­во. Та­му го соз­да­дов култ­ни­от ал­бум „Кру­ше­во“ кој нѐ прос­ла­ви ме­не и Ми­рос­лав Та­диќ и од кој и ден-де­нес се ба­ра при­ме­рок по­ве­ќе. Ста­нав и по­че­сен гра­ѓа­нин на тој град и се­ко­гаш одам во Кру­ше­во со го­ле­ма љу­бов – ве­ли Вла­тко Сте­фа­нов­ски.

Во ме­ѓу­вре­ме, поч­на по­себ­на кам­па­ња и ин­тен­зив­на ме­ди­ум­ска про­мо­ци­ја ко­ја се спро­ве­ду­ва за да се ани­ми­ра­ат што по­го­лем број учес­ни­ци од це­ли­от ре­ги­он. За на­чи­нот и ус­ло­ви­те за при­ја­ву­ва­ње на ра­бо­тил­ни­ци­те ин­фор­ми­ра Иво Јан­ков­ски.

- Со Вла­тко ги по­ми­нав­ме нај­у­ба­ви­те и најз­на­чај­ни ми­го­ви од на­ши­от жи­вот и мно­гу сум сре­ќен што по­втор­но со­ра­бо­ту­ва­ме. Вла­тко со сво­и­те ги­тар­ски пер­фор­ман­си, од Па­риз до Истан­бул, е ги­та­рист без кон­ку­рен­ци­ја. Ова е мож­ност пом­ла­ди­те да се за­поз­на­ат со не­го и со на­чи­нот на сви­ре­ње. Про­е­ктот е нас­ло­вен „Кру­ше­во вор­кшоп“ би­деј­ќи го­ди­на­ва ра­бо­тил­ни­ца­та ќе ја во­ди Вла­тко, но од ид­на­та го­ди­на ќе се ме­ну­ва­ат му­зи­ча­ри, пе­ја­чи, пи­ја­ни­сти, ка­вал­џии, про­ду­цен­ти итн. Аси­стент на Вла­тко ќе му би­де Хри­сто Му­ла­ров од Кру­ше­во. Мла­ди­те му­зи­ча­ри ќе има­ат мож­ност три де­на да ра­бо­тат со сво­јот мен­тор, а ре­зул­та­ти­те од нив­на­та за­ед­нич­ка ра­бо­та ќе би­дат пре­зен­ти­ра­ни на за­врш­ни­от кон­церт кој ќе се одр­жи на пла­то­то пред Спо­мен-до­мот, ка­де што мла­ди­те ги­та­ри­сти ќе има­ат мож­ност да на­ста­пат за­ед­но со Вла­тко Сте­фа­нов­ски. Се­то тоа што ќе се слу­чу­ва на ра­бо­тил­ни­ци­те ќе би­де ре­ги­стри­ра­но со нај­про­фе­си­о­нал­на опре­ма, а од сни­ме­ни­от ма­те­ри­јал ќе би­де изра­бо­тен и до­ку­мен­та­рен филм кој ќе се еми­ту­ва на по­ве­ќе ка­на­ли – подв­ле­че Иво Јан­ков­ски.

До­ма­ќи­ни­те на про­е­ктот сме­та­ат де­ка ова е го­ле­ма про­мо­ци­ја на Спо­мен-до­мот и на Кру­ше­во. Бе­ти Та­ле­ска, ди­ре­ктор­ка на Спо­мен-до­мот на То­ше Про­е­ски, ве­ли де­ка на тој на­чин уште ед­наш ќе по­твр­ди­ме де­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е зем­ја на го­ле­ми умет­ни­ци кои не­се­бич­но ги де­лат сво­е­то зна­е­ње и искус­тво со мла­ди­те ге­не­ра­ции.

kultura147-stefanovski-2

Во пог­лед на зна­е­ње­то и искус­тво­то што се стек­ну­ва­ат на овој на­чин, Вла­тко ве­ли де­ка се не­про­цен­ли­ви.

- Во вре­ме­то ко­га јас учев да сви­рам ги­та­ра, ва­кво не­што бе­ше не­воз­мож­но. Ние одев­ме по кон­цер­ти, сли­кав­ме, сни­мав­ме, се оби­ду­вав­ме да сим­ну­ва­ме фра­зи, три­ко­ви, ме­ло­дии, да ја гле­да­ме опре­ма­та. Најз­на­чај­но­то од ова е де­ка ра­бо­тил­ни­ца­та ќе би­де бесп­лат­на. Во Сло­ве­ни­ја, на при­мер, ова чи­ни 200-300 евра. Си­те што са­ка­ат ги­та­ра, не мо­ра да се му­зи­ча­ри, мо­же ед­но­став­но да се ен­ту­зи­ја­сти, ќе мо­жат да дој­дат, да ви­дат и да слуш­нат не­што што не мо­жат да го слуш­нат се­кој ден. Отво­ре­но­ста на овој про­ект е не­што што најм­но­гу ме прив­ле­че.

 

Пишува: Невена Поповска
(Текст објавен во 147. број на неделникот „Република“, 26.06.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top