| четврток, 6 декември 2018 |

Луксембург го почнува шестмесечното претседавање со ЕУ

Луксембург денеска го презема од Летонија шестмесечното претседавање со ЕУ, а имајќи предвид дека тоа ќе биде 12­. пат оваа мала земја да претседава со Унијата откако е воведен ротирачкиот систем, се очекува тоа да помине без поголеми потреси.

Претседавањето, како што е најавено, ќе се заснова врз седум столбови: поттикнување на растот, инвестиции и вработување, продлабочување на социјалните димензии на ЕУ, управување со миграциите, фокус врз дигитализација на единствениот пазар, промоција на конкурентноста, одржливиот развој и јакнење на улогата на Унијата на глобална сцена.

Меѓу приоритетите за следните шест месеци Луксембург го нема ставено проширувањето на ЕУ, веројатно затоа што не очекува да се направат големи чекори во тој процес.

Официјално претседавањето ќе започне на 3 јули со повеќе манифестации во Луксембург, каде што за време на викендот ќе се одржат културни настани во кои ќе учествуваат претставници од сите 28 членки на ЕУ. Од 1 јануари 2016 година претседавањето со ЕУ ќе го преземе Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top