Пенал рулетот и се насмевна на Шведска, репрезентација што за првпат во историјата ја освои европската титула за фудбалери до 21 година.
Патрик Карлгрен кој беше прогласен за МВП на финалето во Прага, го одбрани последниот удар од белата точка што го изведе Вилијам Карваљо, доволно за триумф против Португалија од 4-3 на пенали.
Во регуларниот дел од 90 минути и во двете продолженија од по 15 минути немаше голови, мечот заврши 0-0, па пеналите одлучуваа.
Шведските фудбалери беа посмирени, погодија 4 пати, за разлика од Португалците кои трипати беа прецизни и ќе чекаат нова шанса за прв европски трофеј за играчи до 21 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



