| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме со дожд и грмежи во Гевгелија и Дојран

невреме

Интензивни врнежи од дожд проследени со силни грмежи ги зафатија попладнево југоисточните делови од Македонија.

Според податоците од мерните места што попладнево ги објави Управата за хидрометеролошки работи, за кратко време во Гевгелија наврнале 60 л/м2,а во Дојран 20л/м2.

Нестабилноста во овие делови, како што информира УХРМ, се уште трае и се очекува зголемување на количината на врнежи.

За утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во источните и јужните делови од земјава, а во крајниот југоисточен дел се очекува да наврнаат околу 10 литри на метар квадратен воден талог. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Од четврток следува период на стабилно суво и потопло време со слаб до умерен северен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top