| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот театар ќе се отвори во мај

Новата зграда на стариот театар ќе биде отворена во мај, соопшти денеска Министерството за култура. Иако првичните најави беа за денеска, на Денот на театарот, отворањето е одложено за два месеца поради задоцнетите градежни работи.

– Причина е непочитувањето на рокот за завршување на работите од страна на фирмата „Конструктор за партерното уредување“. Не беа испочитувани роковите поради што мораше да се поништи договорот, да се распише нов тендер… – велат од Министерството.

Тие додаваат дека ќе почнат подготовките за новата претстава на Јордан Плевнеш, „Вечна куќа“, со која ќе биде отворен новиот театар изграден според некогашниот скопски театар, урнат со земјотресот во 1963 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top