| четврток, 6 декември 2018 |

Бајага, Кајмакоски, Куку Леле и уште еден куп ѕвезди на иста сцена!

Ретко се случува, но сепак и возможно да се соберат скоро сите естрадни имиња во Македонија на едно место! Од годинава идејата е секоја идна прва вечер од Златните денови да биде посветена на некое големо домашно музичко име.

Daniel-Kajmakovski-1
Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Блага Петреска, ѕвездите од овогодинешниот Х Фактор, Даниел Кајмакоски, Куку Леле, Елена Ристеска, Бајага и Инструктори… се само дел од најавените музички имиња кои ќе бидат дел од второто издание на Златните денови – Кратово.
Градот на мостовите и кулите, како што го нарекуваат, во периодот од 26 до 28 јуни ќе биде домаќин на веќе традиционалната манифестација која значи обид да се внесе звукот на македонската музика и мирисот на добрите вибрации во осоговскиот регион.
PLAKAT Kuku Lele 19nov13 za Colosseum 7dec13

Во текот на трите дена Кратово ќе понуди богата музичка програма која, велат, ќе ги задоволи дури и најпребирливите музички вкусови. Програмата ќе стартува со вечерта посветена на неповторливиот македонски народен пејач Јонче Христовски, чии песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска. Истите ќе бидат придружувани од оркестарот Академци под водство на маестро Сашо Ливрински.
Efto Pupinovski 04

Од годинава идејата е секоја идна прва вечер од Златните денови да биде посветена на некое големо домашно музичко име. Во продолжение на вечерта ќе настапат ѕвездите од овогодинешниот Икс фактор, но и нашиот минатогодишен победник и претставник на овогодинешниот избор на Евровизија. Даниел Кајмакоски, по што ќе следуваат „Куку Леле“, за вечерта да биде заокружен со журка на базенот со диџеите Бранчез, Жак и Кокс.
bajaga
Веќе следниот ден програмата продолжува пред платото на Музејот на Град Кратово, со настапи на Тамбураши, Чалгии и локални музичари. Во вечените часови следува забавата со „Чалгија саунд систем“, Елена Ристеска и специјалните гости Бајага и Инструктори. За најиздржливите повторно ќе има и журка на базен со диџеите Боби и Жак. Последниот ден е резервиран за хорот и солисти на Златно Славејче заедно со својот другар и долгогодишен водител на фестивалот Влатко Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top