СДСМ ќе учествува во вториот круг на локалните избори и ќе ја бара поддршката од граѓаните за своите кандидати, изјави денеска Игор Ивановски, шеф на изборниот штаб на коалицијата „Сојуз за иднината“.
„Сојузот за иднината“ ќе учествува во вториот круг на локалните избори и ќе ја бара поддршката од граѓаните за своите кандидати. На 7 април гласањето почнува од нула и ќе сториме сѐ што е во наша моќ за да не се повторат изборните нерегуларности од првиот круг на гласање, изјави денеска шефот на изборниот штаб на коалицијата „Сојуз за иднината“ Игор Ивановски.
Ивановски оцени дека изборите не биле фер и демократски и соопшти дека правната служба на СДСМ подготвила најмалку 350 нови приговори за нерегуларности на денот на изборите и 15 за документирани случаи на прекршување на изборниот молк од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Ивановски најави дека ќе бидат поднесени и кривични пријави за извршителите на изборните инциденти затоа што биле убедени дека МВР нема да го стори тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


