| четврток, 6 декември 2018 |

Се размислува да се воведе едномесечен зелен картон

gruevskiВладата подготвува одредени измени во постоечката законска регулатива во однос на зелените картони и размислува покрај едногодишниот да се водведе и едномесечен зелен картон, најави денеска премиерот Никола Груевски.

– Сега зелените картони  секој може да ги добие за една година, не може за пократко. За возила до 66 киловати чинат околу 60 евра, а 90 евра за над киловати. Се размислува покрај едногодишниот да се воведе едномесечен зелен картон за оние што сакаат таа опција да ја одберат, рече Груевски во одговор на прашање при посетата на охридско-струшкиот регион.

Тој посочи дека за оние што поретко патуваат зелениот картон најчесто им треба само за годишен одмор во странство или слично.

– Се размислува за оние луѓе кои не излегуваат често од државата, односно патуваат еднаш во годината,  еднаш или неколку пати во еден месец за годишен одмор или слично да се воведе и едномесечен зелен картон кој би чинел 30 евра за оние што имаат патнички возила до 66 киловати, а 50 евра за оние со над 66 киловати, рече Груевски.

Со тоа, како што нагласи, ќе  се воведе можноста да си одберат дали сакаат да имаат годишен или едномесечен зелен карон.

– Тоа веројатно ќе го одберат сите оние што повеќе од еден годишен одмор не излегуваат надвор од државата или, пак. на кои им треба само за еден месец, за еднократна употреба, но за тоа треба да платат речиси половина цена, потенцира Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top