Британецот Ник Дaлоизијо (17) стана милионер откако неговата апликација „Самли“ ја купи „Јаху“ за дури 30 милиони американски долари. Тинејџерот сервисот за читање вести почнал да го работи на 15 години, а целта му била да го олесни читањето и делењето на содржината. Благодарејќи на неговата апликација, која е со модерен дизајн, ги скратува вестите и стана многу популарна.

– Имате добра идеја и почнувате да правите свој производ бидејќи знаете дека инвеститорите во цел свет се подготвени и бараат компании во кои ќе инвестираат – изјави за агенциајта „Ројтерс“ најновиот и еден од најбогатите работници на „Jаху“.

На прашањето на новинарите како ќе ги потроши парите, британскиот тинејџер скромно одговори: па многу сакам патики, ќе си купам неколку нови пара „најк“, можеби ќе купам и нов компјутер. Засега сакам парите да ги ставам во банка – изјави Дaлоизијо, кој првиот компјутер го добил на 9 години. Апликации почнал да прави три години подоцна.

Весникот „Ивнинг стандард“ минатата години го вброи меѓу илјада највлијателни луѓе во Лондон, а весникот „Форбс“ го брои меѓу 30-те влијалтелни луѓе помлади од 30 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


