СДСМ е исклучена од Социјалистичката Интернационала, најголемата групација на левичарски партии во светот, јави ТВ Сител. Исклучувањето се случило по почетокот на аферата “Пуч“, а образложението е неплатена членарина од партијата на Зоран Заев.
Извор од Интернационалата за Сител неофицијално брифира дека покрај долгот го имаат и други членки, чашата ја прелела актуелната политичка ситуација во Македонија, каде според него, СДСМ со вониституционалното делување ги крши основните социјалдемократски постулати. Се додава и дека доколку Заев и СДСМ продолжат со дрското однесување при преговорите за надминување на политичката криза, сигурно им следува уште поголема изолација од сестринските партии.
“Раковотството на СДСМ денес отиде конгресот на Партијата на Европските Социјалисте во Будимпешта, таму ќе им се даде до знаење дека мора да престанат со ваквото однесување, во спротивно ќе го изгубат статусот на набљудувач и во оваа организација“, вели изворот кој го пренесува Сител.
Партијата експресно е избришана и од листата на членки која се наоѓа на сајтот на Социјалистичката интернационала. Таму може да се забележат сите светски и европски партии од левиот центар меѓу кои и Британските Лабуристи, Француските Социјалисти на претседателот Франсоа Оланд и Германските Социјалдемократи, но не и СДСМ на Зоран Заев.
Од соседните земји во интернационалата члениуваат СДП на Хрватскиот премиер Милановиќ, Бугарската Социјалистичка Партија, Грчкиот ПАСОК, Српските ДС и СДС и Албанските Социјалистичка Партија на премиерот Еди Рама. По исклучувањето на СДСМ, Македонија остана без партија член во оваа организација.
На сајтот и твитер профилот на СДСМ сеуште стои дека партијата е член на Интернационалата. Од Бихаќка се пофалиле и дека заменичката на Заев, Радмила Шекеринска била потпретседателка на организацијата од која сега се исклучени.
Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија членуваше во Социјалистичката Интернационала уште од своето основање. Во 2013 година за време на Отпорот кој го организираше Бранко Црвенковски, партијата го изгуби статусот на целосна членка и стана членка набљудувач. Денес во екот на најголемата политичката криза во современата историја на Македонија, СДСМ целосно го изгуби местото во семејството на левичарските партии, додава Сител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


