| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев бега од народот, знае дека ќе загуби со најголем пораз во историјата на СДСМ

Заев се плаши од избори. Тој знае дека на наредните избори ќе доживее тешко фијаско, дека СДСМ ќе го доживее најголемиот пораз досега. Ни договор сака да постигне ни избори сака да има, истакна премиерот Никола Груевски.

zaev-08-juni-3

Тој по вчерашните 12-часовни преговори во Брисел со еврокомесарот Јоханес Хан, на кои присуствуваа партиските лидери, посочи дека атмосферата која Заев ја градел изминативе денови укажувала дека тој не сака да постигне договор.

– Брифинзите што ги пуштаа и интервјуата што ги даваше укажуваа дека ќе оди на таква варијанта за да не дојде до договор. Затоа што ако дојде до договор, тој треба да се појави на избори, пред народот и ќе загуби со најголем пораз во историјата на СДСМ – посочи Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top