Сите присутни во салата за прес-конференции на Белата куќа се евакуирани, јави телевизијата „Ен-би-си њуз“.
Телевизијата нагласува дека наредбата за евакуација дошла во време додека во салата се одржувал брифинг на портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест. Во салата влегол агент на тајната служба и ги замолил сите присутни да ја напуштат. По ова, во салата е доведено куче на службата за обезбедување на претседателот на САД. Засега нема официјално образложение за евакуацијата, дополнува Ен-Би-Си Њуз. Во административна зграда на американскиот Конгрес денеска, пак, е откриен сомнителен пакет, јави ТАСС.
– Добивме телефонско известување за пронајден сомнителен пакет во канцеларија во зградата Дирксен. Со цел да се избегне катастрофа евекуиравме неколку ката. Во тек е проверка – изјави претставник на полициското обезбедување на Конгресот.
Освен главната зграда Капитол, Конгресот на САД има уште неколку објекти во нејзината околина. Во нив се сместени кабинетите на конгресмените и администрацијата на Конгресот. За влез во овие згради не се потребни посебни пропусници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



