| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона ја „лапна“ титулата во Берлин и сепак се жали до УЕФА

Барселона е нов европски првак и шпанскиот претставник е задоволен од сезоната во која комплетираше три титули, но сепак по финалето во ЛШ во Берлин се пожали до УЕФА.

Каталонците се незадоволни од организаторите на финалето, а им пречи односот кон нивните навивачи.

„Организаторите ги прекршија вообичаените норми за Лигата на шампионите, кои се однесуваат на третманот на навивачите и на клупските членови. За над 5 илјади симпатизери кои допатуваа да не бодрат во Берлин, тие испратија само 4 автобуси на аеродромот Шенефелд за да ги префрлат до стадионот. Цените на храната беа неочекувано високи, а останатите услови изненадувачки на лошо ниво“стои во образложението на Барселона испратено до УЕФА.

На терен Каталонците го победија Јувентус со 3-1 и ја прокнижија петтата европска круна.

Juventus FC vs FC Barcelona

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top