Регистрирани се 899 повици за една седмица, од 1 до 7 јуни, на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе!“.
Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
– Линијата 02/15 123 е достапна секој ден, 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето – информира ЈЗУ Здравствениот дом Скопје.
На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија, како што се наведува, им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.
– Јавувањата најчесто се однесуваат на симптомна болка, кардиоваскуларни и респираторни симптоми од променливите временски услови, совети за хроничните болни…, стои во соопштението.
Од 15 септември 2014 година, од кога почна да работи телефонската линија, досега регистрирани се вкупно 38.003 повици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст