
За прв пат на пациент од Македонија ќе му бидат трансплантирани бели дробови, објави zdravstvo24.mk. Големиот зафат ќе биде извршен кон средината на месецот во Виена. Станува збор за 16 годишно дете кое со години е пациент на Клиниката за детски болести. Боледува од цистична фиброза, болест која предизвикува големи опструкции на органите за дишење.
Средствата за трансплантацијата веќе се одобрени од Фондот за здравствено осигурување. Според информациите кои ги добивме од скопските клиники, за обезбедување на органите од Еуротрансплант до договарање на интервенцијата, лично била ангажирана директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, која воедно е и национален координатор за трансплантација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


