
Полицијата во Велес, од возот кој сообраќаше на релација Гевгелија – Скопје, вечерва околу 19.30 часот на железничката станица во Велес симна околу 200 мигранти, претежно Сиријци. Мигрантите биле главно млади луѓе од 18-30 години, а меѓу нив имало и неколку девојки.
Патничкиот воз од Гевгелија, кој во Велес пристигнува околу 19 часот, доцнеше 30 минути, а пред неговото влегување во станицата, полицијата ги предупреди патниците да се качуваат во првите вагони, бидејќи трите последни се полни со мигранти – објави Нова.
Полицијата која го обезбедува возот, со поддршка на полицијата од Велес ги симна мигрантите на станицата во Велес и покрај нивното противење и обиди да се качат повторно во возот. По детална проверка низ вагоните, возот по 20- тина минути чекање продолжи кон Скопје. Полицајците кои беа во возот на секоја постојка до Скопје внимаваа дали ќе се качат илегалци.
-Виде ли колку мигранти имаше. Дај нека го донесат тој закон веќе, нека го решат проблемов, не се работи вака – вели кондуктерот во возот.
Тој објаснува дека оваа група вечерва се качила насилно во возот на станицата во Демир Капија, а во гевгелиските села каде што поминува возот на секоја постојка имало мигранти, но полицијата нив не им дозволила влез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


