
Понеделник ќе биде уште еден спарен ден во кој дожд ќе има само во јушните краишта од земјава. Според Метеопро
утрото повторно ќе биде посончево во северната половина од земјата. Попладне облачноста ќе се зголеми во поголем дел од земјата, но како што споменавме дожд проследен со ретка појава на грмежи ќе има во јужниот регион.
Минималната температура ќе има вредност околу 14°С.
Во текот на денот максималната температура во поголем дел од земјата ќе има вредност од 27°С до 30°С. Само за нијанса посвежо ќе биде во осоговско- малешевскиот, како и во охридско – преспанскиот регион.
УВ индекс: 7.
Во Скопје се очекува претежно сончево време, со умерена облачност попладне. Очекуваме минимални 15°С. Максималната температура во текот на денот ќе достигне околу 28°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


