Хамилтон како дома во Канада Луис Хамилтон стигна до победа на Канадското ГП во Монтреал пред својот колега
Нико Розберг, за да се зацврсти на првото место во генерален пласман. Две недели по „фијаското“ во Монако, каде што ја загуби победата во последните кругови поради несфатливата одлука на тимот да го повлече во боксот, Хамилтон по четврти пат триумфираше на патеката „Жил Вилнев“, убедливо пред Розберг за да ја зголеми предноста во генерален пласман. По седум трки од сезоната, Хамилтон има 151 освоен поен, 17 повеќе од Розберг со 134, додека Себастијан Фетел е трет со 108 поени.
Најголем добитник денеска во Канада беше Себастијан Фетел од Ферари кој од 18-тото место до крајот на трката успеа да се искачи на петотто место, веднаш зад неговиот колега Кими Раиконен. Бодови уште освоија Маса, Малдонадо, Хулкенберг, Квајт и Грожан.
Следната трка во Формула 1 ќе се вози во Австрија за две недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


