| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона упати жалба до УЕФА поради лошиот третман на нејзините навивачи

barselona

Раководството на новиот европски шампион Барселона упати жалба до Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради лошите условите со кои се соочиле нејзините навивачи при враќањето дома по синоќешната победа со 3:1 против Јувентус во финалето од Лигата на Шампионите во Берлин.

Навивачите на каталонскиот клуб незадоволни и лути го напуштиле Берлин, бидејќи имале лош третман на аеродромот „Шенефелд“ кој УЕФА вообичаено го користи при чартер летови.

Како што е наведено, немало минимални услови на аеродромот, а пособен проблем имале лицата со посебни потреби.

За повеќе од 5.000 поддржувачи на Барселона биле обезбедени само четири автобуси за превоз до авионот, поради што доцнењето било неминовно.

Исто така Каталонците имаат големи забелешки за цените на храната на аеродромот, за кои велат дека биле „срамни“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top