| четврток, 6 декември 2018 |

Владејачката Партија на правдата и развојот победи на изборите во Турција

party-leaders-vote-in-turkish-general-election_6593_720_400

Владејачката конзервативна-исламистичка Партија на правдата и развојот (АКП) победи на денешните парламентарани избори во Турција, освојувајќи 43,6 отсто од гласовите, покажуваат резулатите по преброени 63 проценти од гласачките ливчиња.

Места во турскиот Парламентот, покрај АКП, обебзедија и двете најголеми опозициски партии, социјалдемократската Републиканска народна партија (ЦХП) со освоени 24,5 отсто од гласовите и секуларната десничарска Партија на националистичка акција (МХП), за која гласале 17 проценети од избирачите.

Курдската Демократска партија на народите (ХДП) најверојано исто така ќе го мине изборниот праг од 10 проценти, бидејќи според сегашните резултати, освоила 10,6 отсто од гласовите.

Анализите пред изборите укажуваа дека ако ХДП успее да го надмине изборниот цензус, има шанси да освои најмалку 50 места во Парламентот на сметка на АКП, која при такво сценарио би можела да го загуби парламентарното мнозинство.

Сепак, аналиитчарите укажуваат дека ваквите резултати би можеле драстично да се променат, бидејќи пребројувањето на гласачките ливчиња во големите градови се уште не е завршено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top