Француската полиција во париското предградие Вилжјив уапси две лица под обвинение дека учествувале во планирањето на напад врз една црква во Франција, објавија француските медиуми.
Двајцата осомничени, на возраст од 35 и 39 години, биле уапсени рано изутринава, под обвинение за учество во терористичка организација. Согласно француското законодавство, уапсените под вакво обвинение може да бидат задржани во притвор до 96 часа.
Во врска со планирањето на нападот врз црквата, француската полиција во април годинава го уапси 24-годишниот алжирски студент по информатика Сид Ахмед Глам.
Глим беше уапсен на 24 април по обвинение за убиство на 32-годишната Орели Шатлен, чие тело беше пронајдено во еден автомобил во Вилжјив, како и за планирање напад врз една мала црква во ова париско предградие.
При претресот на домот на Глим полицијата пронајде документи поврзани со групата Исламска држава и со Ал Каеда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


