| четврток, 6 декември 2018 |

Без средба Јункер-Ципрас до вторник, тврдат европски дипломати

ципрас3

Нема да има нова средба меѓу претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и грчкиот премиер Алексис Ципрас пред вторник, по средбата на врвот на Г7, наведуваат европски дипломатски извори.

– Нема да има средба и малку е веројатно дека ќе има средба до вторник – тврдат изворите.

Меѓунарониот монетарен фонд (ММФ) синоќа соопшти дека донел одлука да го прифати барањето на Грција за одложување на отплатата на нејзиниот долг до крајот на јуни.

– Грчките власти денеска го информираа ММФ дека планираат долгот што требаше да го отплатат на четири рати, да го вратат одеднаш кон крајот на јуни – изјави синоќа портпаролот на Фондот, Гери Рајс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top