На скопскиот саем почнува Меѓународниот саем за мебел, на кој во седум саемски хали се распослани 160 изложувачи. Претставени се компании од Македонија, Италија, Бугарија, Грција, Германија, Србија, Хрватска, Словенија, Косово, Австрија и од Чешка, а компаниите од Турција ќе имаат заеднички настап. Дваесет проценти од изложувачите се од странство, а се зголемува и бројот на домашни производители на мебел.
Според најавите на компаниите, ќе се предочат најнови трендови во производството на мебел за дом, за кујни, бањи, спални, детски соби, канцеларии, мебел за јавни објекти, за индустрија и слично. Минатата година Саемот за мебел го посетиле преку 50.000 посетители, а оваа година се очекуваат во шесте саемски дена да се привлечат поголем број посетители.
За времетраење на „Мебел 2013“, до 31 март, во управната зграда на Скопски саем ќе биде отворена изложба на антиквитетен мебел и уметнички слики организирана од Асоцијацијата за култура ИКОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


