Во Приштина присилно се вратени 84 државјани на Косово, на кои им е одбиен азил во Германија. На вратените граѓани ќе им биде одредена забрана за влез во шенген зоната од три до пет години.
Уште 28 лица, кои се согласиле да се вратат, во текот на денот ќе пристигнат на аеродромот во Приштина, објави Ал Џезира Балкан.
Според податоци на Еуростат од крајот на минатата и почетокот на оваа година 32.000 граѓани на Косово побараа азил од економски причини во земјите-членки на Европска унија. Речиси сите се одбиени.
Министерството за внатрешни работи на Косово соопшти дека минатата година 4.600 луѓе се вратени од кои 70 отсто присилно. Годинава вратени се 7.500 илегални имигранти, од кои 70 проценти доброволно.
– Ако продолжи овој тренд до крајот на годината од 15.000 до 20.000 би можеле да се вратат во Косово. Имаме најава дека се поголем број на земји ќе го интензивираат враќањето, посебно од Германија, изјави директорот на одделението за миграција на косовското МВР, Валон Красничи
Се процденува дека во земјите-членки на ЕУ има околу 50.000 илегални имигранти од Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово



