| четврток, 6 декември 2018 |

Давид Луиз го убедува Ди Марија да се пресели во ПСЖ

Бразилскиот репрезентативец во редовите на ПСЖ, со кого ја освои двојната круна во Франција, посакува во следната сезона за соиграч да го има Аргентинецот Анхел ди Марија.
Тој се обидува да го убеди поранешниот соиграч од Бенфика да го напушти Манчестер јунајтед и да се пресели на „Паркот на принцовите“.

Ди Марија во дебитантската сезона не се прослави во Премиерлигата иако од Реал дојде како шампион на Европа за рекорден трансфер во Англија од 75 милиони евра.

– Би сакал да дојде во Париз бидејќи се работи за врвен фудбалер. Дали зборував со него? Не би сакал да откривам детали, но има нешто – изјави Давид Луиз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top