Француската полиција утрово го разурна камп што беше подигнат под мостот на воздушното метро „Ла Шапел“ во центарот на Париз, каде во неподносливи услови живееја над 350 имигранти.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, официјалното образложение за ваквата постапка на полицијата е дека тоа е направено поради санитарни причини.
Пред да почант со евакуацијата на имигрантите, силите на редот воспоставија безбедносен периметар околу кампот. На местото беа присутни и повеќе хуманитарни асоцијации, кои учествуваат во прераспределбата на имигрантите и нивното сместување на други места.
Растурањето на кампот беше најавено уште за време на изминатиот викенд, откако на имигрантите им беше даден рок од 48 часа да го напуштат местото.
Меѓу 350 лица што живееја во кампот, најголемиот број беа од Судан, Ертреја, Сомалија и Египет.
Француската министерка за социјални работи Марисол Турен ја оправда операцијата со образоложение дека санитарнитре услови биле такви што во дивиот камп постоеле ризици од епидемии, на прво место за тие што живееа во него.
Предвидено е евакуираните лица да бидат згрижени од француските власти и хуманитарните организации во соодветни и пристојни животни услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



