| четврток, 6 декември 2018 |

Турците ќе ги дигитализираат ориенталните ракописи од Македонија

Турците се заинтересирани за ориенталните и за словенските ракописи од Македонија. Стручен тим од Институтот „Јонуз Емре“ од Истанбул, во соработка со експерти од Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, ќе работи на подготовка за нивна дигитализација. Најпрво ќе направат дигитални фотографии од ракописите, а потоа ќе се преземаат следни чекори за заштита на културното наследство.
Овој проект, од НУБ очекуваат дека ќе придонесе и за усовршување на нивните кадри, кои и онака се во мал број, како и за набавка на соодветна опрема за дигитализација. На целата територија на Македонија има неколку десетици илјади оринтални арапски, персиски и турски ракописи. Околу 4.000 од нив се депонирани во Националната универзитетска библиотека. Најстариот датира од 11 век, а останатите се напишани во периодот до 20 век.

Инаку дел од словенските ракописи од Македонија,  кои во октомври минатата година беа претставени во Брисел, на 21 мај ќе бидат изложени и во Стокхолм, Шведска. Овој пат, наместо 39 оригинални ракописи, ќе бидат претставени 45.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top