Случајот го добил името по населбата во Стокхолм, Атлас. Во 1932 година е убиена Лили Линдстром, 32 годишна проститутка, која клиентите ги дочекувала во својот дом. Последна ја видела нејзината соседка и колешка Мини Јансон. Откако Jансон не ја видела Лили два дена, повикала полиција. Тогаш е откриена сцената на злосторството која и ден денеска ја збунува експертската јавност.

Лили била легната на стомак на креветот. Се проценило дека е мртва веќе два или три дена. Била гола, а облеката и била здиплена на столицата до креветот. Пронајдениот презерватив во неа бил доказ дека имала сексуален однос пред смртта. На главата имало трагови на удар од тап предмет.
Деталната анализа ги шокирала сите. Во телото немало ниту капка крв, а на вратот имало остатоци од плукна. Затоа и името на случајот е „Вампирот од Атлас“.
Форензиката тогаш била во зачеток, ДНК анализи не постоеле, па истрагата не стигнала далеку. Биле испитувани неколкумина редовни клиенти, но никогаш не е пронајден убиецот, ниту пак е решена мистеријата каде исчезнала сета крв.
Предметите од нејзината соба и денеска се изложени во Полицискиот музеј во Стокхолм. Во 2007 година композиторот Ерик Малмберг објави композиција „Во сеќавање на Лили“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Шведскиот Парламент не ја изгласа предложената коалициска малцинска влада
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


